Достапни линкови

СЗО: Годишно се самоубиваат 800 илјади луѓе


Едно лице извршува самоубиство во светот на секои 40 секунди, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација. Во првиот глобален извештај за превенција на самоубиствата објавен вчера, СЗО анализира податоци од последните десет години на светско ниво. Се заклучува дека околу 800 илјади луѓе извршуваат самоубиства годишно, дека тоа е втората водечка причина за смртта на младите од 15 до 29 години, дека бројот на самоубиства е најголем кај лицата над 70 години и дека 75 отсто од самоубиствата се кај луѓето од земјите со ниски и средни примања. Според организацијата самоубиствата се главен здравствен проблем што многу често е третиран како табу тема.

XS
SM
MD
LG