Достапни линкови

Мировни разговори за Украина денеска во Минск


Во белорускиот главен град Минск денеска ќе се одржат разговори за прекин на огнот во источна Украина. Официјални претставници на Киев и проруските бунтовници е закажано да се сретнат заедно со претставници од Москва и од ОБСЕ. Украинскиот претседател Петро Порошенко изрази внимателем оптимизам околу можниот договор.
Разговорите доаѓаат во период во кој Европската унија и НАТО се очекува да објават повеќе санкции за Русија поради нејзината агресија во Украина иако спроведувањето може да биде одложено зависно од тоа како се одвиваат разговорите во Минск.

XS
SM
MD
LG