Достапни линкови

ОН загрижени за можни недостатоци во декларацијата за хемиско вооружување на Сирија


Обединетите нации соопштија дека се уште постојат отстапувања и прашања поврзани со сириската декларација за хемиско оружје. Сигрид Кааг оцени дека откако владата на претседателот Башар Ал Асад ја поднела оргиналната декларација годинава Дамаск додал уште четири амандмани. Кааг го водеше заедничкиот состанок на ОН и мисијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје која го надгледува уништувањето во Сирија. Тој соопшти дека сто отсто од најопасните отрови се уништени, а истото така и 96 отсто од општите залихи. Неговото соопштение доаѓа откако вчера САД изразија загриженост дека какви било неуништени токсини може да дојдат до рацете на бунтовниците од Исламска држава.

XS
SM
MD
LG