Достапни линкови

НАТО ја осуди Русија и се заложи за помош на Украина


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен рече дека меѓународната заедница мора да воспостави потешки санкции за Русија ако продолжат нејзините интервенции во Украина. Расмусен кој зборуваше вчера на самитот на НАТО во Велс, по средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко оцени дека претходните прекини на огнот од Русија биле користени, како што рече, како димна завеса за продолжување на дестабилизацијата на Украина. Порошенко, пак, кој се појави заедно со Расмусен оцени дека Русија брутално ја поткопала украинската стабилност.
НАТО исто така обелодени создавање на четири фонда вредни 15 милиони евра кои би требало да и помогнат на Украина да се брани сама.

XS
SM
MD
LG