Достапни линкови

НАТО ја повика Русија да ја повлече војската од Украина


Учесниците на самитот на НАТО во Велс

Учесниците на самитот на НАТО во Велс

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ја повика Русија да ги повлече своите војници од Украина и да престане да им дава поддршка на сепаратистите. Во меѓувреме судири на украинската војска и сепаратисите кај Мариупол.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ја повика Русија денеска да ги повлече своите војници од Украина и да престане да им дава поддршка на сепаратистите во источниот дел на земјата.

Ја повикуваме Русија да ги повлече своите трупи од Украина и да ја прекине испораката на оружје, војници и други средства за помош на сепаратистите.

„Ја повикуваме Русија да да стави крај на нелегалната и самопрогласена анексија на Крим“, изјави Расмусен за време на средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко на самитот на НАТО во Велс.

Расмусен нагласи дека Русија треба да се повлече од конфронтацијата и да го избере патот на мирот.

„Ја повикуваме Русија да ги повлече своите трупи од Украина и да ја прекине испораката на оружје, војници и други средства за помош на сепаратистите“, рече Расмусен.

Ја повикуваме Русија да да стави крај на нелегалната и самопрогласена анексија на Крим.

Според него, секоја земја членка на НАТО може индивидуално да одлучи дали ќе ги снабди со оружје украинските сили кои се борат со сепаратистите во источна Украина.

„НАТО како Алијанса не е вмешана во испораката на опрема, бидејќи ние не поседуваме воени капацитети“, изјави Расмусен.

Според него, таквите одлуки се носат на национално ниво и НАТО нема да се меша во тоа.

Во меѓувреме, украинските и проруските сили се судриле на преиферијата на градот Мариупол, кој се наоѓа во југоисточниот дел на земјата. Според извештаите, можеле да се видат облаци од црн чад, а бил забележан и конвој од тенкови и оклопни возила на сепаратистите.

Лидерите на проруските сепаратисти во источна Украина претходно соопштија дека се подготвени за прекин на огнот доколку биде постигнат договор со украинските власти на утрешните разговори во белорускиот главен град Минск.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека утре ќе нареди прекин на огнот и изрази надеж дека во истиот ден ќе започне имплементацијата на мировниот план.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG