Достапни линкови

Расмусен-Русија да ги повлече војниците од Украина


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ја повика Русија денеска да ги повлече своите војници од Украина и да престане да им дава поддршка на сепаратистите во источниот дел на земјата. Тој и порача на Русија да стави крај на нелегалната и самопрогласена анексија на Крим.

Расмусен на средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко на самитот на НАТО во Велс нагласи дека Русија треба да се повлече од конфронтацијата и да го избере патот на мирот. Според него, секоја земја членка на НАТО може индивидуално да одлучи дали ќе ги снабди со оружје украинските сили кои се борат со сепаратисите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG