Достапни линкови

БиХ-Двајца босански Срби уапсени за геноцид


Двајца босански Срби се уапсени во БиХ под обвинение за геноцид врз муслимани. Босанското обвинителство соопшти дека приведените Миодраг Јосиповиќ и Бранимир Тешиќ се обвинети дека како раководители на полициската станица во Братунац наредиле, организирале и поттикнувале протерување на цивили од селото Поточари.

Тие се обвинети и за апсење на неколку илјади мажи и момчиња муслимани на 13 јули 1995 година во Братунац, кои биле физички малтретирани, а околу 100 од нив биле убиени. Според соопштението, против Јосиповиќ и Тешиќ се води истрага за „основани сомневања за помагање на геноцид“

XS
SM
MD
LG