Достапни линкови

Почна самитот на НАТО во Велс


Со оддавање почит на загинатите војници во Авганистан, денеска во Велс почна самитот на НАТО. Генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен изјави дека првата седница во рамките на самитот е посветена на Авганистан, земја на која се уште и потребна меѓународна поддршка и помош. Британскиот премиер Дејвид Камерон кој како домаќин ги поздрави учесниците на самитот изјави дека светот се соочува со многу опасни предизвици, но оти сега биле намалени терористичките закани кои доаѓале од Авганистан.

XS
SM
MD
LG