Достапни линкови

logo-print

Во Украина имало неколку илјади руски војници


Русија има неколку илјади војници и стотици тенкови и оклопни возила во Украина. Ова за новинската агенција Ројтерс го изјавил неименуван офицер на НАТО на маргините на самитот на Алијансата во Велс. Според него, околу 20 илјади руски војници остануваат во близина на границата на Русија со Украина. НАТО претходно соопшти дека во Украина имало над илјада руски војници. Во меѓувреме, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги обвини Соединетите држави дека поддржуваат страна во војната во Украина.

XS
SM
MD
LG