Достапни линкови

logo-print

Политичка криза или игра во Советот на Општина Тетово


Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа на седницата на која беше поскапена водата во Општина Тетово. Во СДСМ велат дека ако тие присуствуваа и гласаа против, водата воопшто немаше да поскапи.

Функционирањето на Советот на Општина Тетово е доведено во прашање поради несогласувањата во мнозинската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Сите советнички групи признаваат дека пред седниците нема координација, што резултираше со неколку одложувања и отсуства. Проблемите започнаа со одлуката за поскапување на водата, на која советниците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа.

Градоначалничката Теута Арифи, заедно со својот кабинет да направи дополнителна координација и оваа точка како одлука да не ја потпише сè додека не дојде време водоводот во град Тетово да се направи. Тогаш сите заедно ќе гласаме.

Координаторот на советничката група, Горан Јовановски, вели дека не дошле на седницата, бидејќи не била одржана поширока координација на советничките групи со градоначалничката. Според него, водата не требало да поскапи сè додека не се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.

„Градоначалничката Теута Арифи, заедно со својот кабинет да направи дополнителна координација и оваа точка како одлука да не ја потпише сè додека не дојде време водоводот во град Тетово да се направи. Тогаш сите заедно ќе гласаме. Имаме можност со чист образ да излеземе пред граѓаните на град Тетово, кога ќе им обезбедиме минимални услови за вода за пиење, кое и тоа како ни е потребно за нашиот град Тетово“, вели Јовановски.

И еден да беше присутен точката немаше да помине. Вака товарот за поскапувањето ќе остане на граѓаните. Во прашање е политичка игра за која ние не можеме да знаеме кои им се релациите, како и зошто не присуствуваат на седниците.

Единствениот советник на СДСМ, Љупчо Апостоловски, објаснува дека работите воопшто не се такви како што ги прикажуваат коалиционите партнери. Поскапувањето на водата ДУИ го изгласа само со еден глас повеќе. За гласаа 12-те нивни советници, а 11-те останати беа против. Да дојдеа петтемина советници на ВМРО-ДПМНЕ и да гласаа против, немаше да има поскапување, потенцира Апостоловски.

„И еден да беше присутен точката немаше да помине. Вака товарот за поскапувањето ќе остане на граѓаните. Во прашање е политичка игра за која ние не можеме да знаеме кои им се релациите, како и зошто не присуствуваат на седниците“, вели тој.

Опозицијата предупредува дека нефункционирањето на Советот оди на штета на граѓаните

„Ни еден од реалните проблеми што ги тиштат граѓаните не се ставени на дневен ред. Почнувајќи од екологијата, бидејќи Тетово е најзагаден град во Македонија, ѓубрето, претоварната станица, сообраќајот е во хаос“, објаснува Апостоловски.

Наводната политичка криза доаѓа една година откако по долги преговори ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договорија како да работи Советот. Како што тогаш информира Радио Слободна Европа, Советот профунцкионира во крајниот рок, три месеци по конституирањето, а функциите коалиционите партнери ги поделија по етнички клуч.

XS
SM
MD
LG