Достапни линкови

На 18 септември, разговори за иранската нуклеарна програма


Европската унија соопшти дека разговорите меѓу Иран и шестте светски сили за зауздување на иранската нуклеарна програма ќе продолжат на 18 овој месец во Њујорк. Ова беше објавено денеска додека во Женева се одржуваат дводневни резговори меѓу претставници на Соединетите држави и Иран посветени на иранската нуклеарна програма. Светските сили страхуваат дека Иран се обидува до дојде до нуклеарно оружје. Техеран тоа го демантира наведувајќи дека станува збор за мирољубива употреба на нуклеарната енергија. На 24 ноември годинава истекува конечниот датум до кога треба да биде постигнат договор меѓу двете страни.

XS
SM
MD
LG