Достапни линкови

Европската комисија со нови предлог санкции за Русија


Европската комисија подготви нацрт предлози за новата рунда санкции против Русија поради нејзината улога во украинската криза. Во документот до кој имаше пристап Радио Слободна Европа на листата на фирмите на кои им се забранува пристап до берзите на Европската унија се додаваат и руските државни компании за нафта и во одбранбената индустрија. Комисијата исто така сугерира надополнување на листата на оние на кои им е забрането да патуваат и им се замрзнати имотите во странство, со сите луѓе и институции кои имаат зделки со сепаратистичките групи во источна Украина. Некои медиуми јавуваат дека предлогот за забрана на Русија да учествува или да организира културни и спортски настани, како Светскиот фудбалски куп во 2018 година не добил поголема поддршка. Европската унија за овие предлози ќе решава утре.

XS
SM
MD
LG