Достапни линкови

Jавноста во земјава нема доволно информации за настанот кон кој е свртено целото внимание на меѓународната јавност. Ниту власта, ниту опозицијата не покажаа особен интерес за Самитот.

Иако уверува дека во име на Евроатлантскиот совет на Македонија имало обиди за создавање на атмосфера на заинтересираност пред Самитот на НАТО во Велс, претседателот на Советот Исмет Рамадани признава дека јавноста во земјава нема доволно информации за настанот кон кој е свртено целото внимание на меѓународната јавност. Рамадани вели дека причината за ваквата апатична атмосфера не смее да биде фактот што Македонија нема да биде на дневен ред на самитот.

Сè е некако смирено затоа што знаеме дека сме ги исполниле условите. Останува наметнатото прашање за името, а тоа нема да се случи пред нашето членство во НАТО и затоа ниту власта, ниту опозицијата не покажуваат некој посебен интерес за овој самит на Алијансата во Велика Британија.

„Малку имаше активности од владата во однос на самитот. Требаше малку повеќе институциите да бидат вклучени околу самитот, да има повеќе информации“, вели Рамадани.

Македонија ги исполни сите реални услови за членство во Алијансата, освен прашањето за името кое останува отворена пречка за нашето зачленување, вели професор Никола Дујоски. Овој факт добро го знаат македонските граѓани и токму затоа годинашниот самит на Алијансата не го доживуваат емотивно и со голем интерес, вели Дујоски.

Не може да се заврши само со тоа дека ние нема да бидеме на дневен ред и тука почнува и завршува сè за Република Македонија, затоа што за Македонија ќе се дискутира во однос на нејзиното учество во сите тие мисии каде што учествува НАТО. Не можеме ние да бидеме исклучени.

„Сè е некако смирено затоа што знаеме дека сме ги исполниле условите. Останува наметнатото прашање за името, а тоа нема да се случи пред нашето членство во НАТО и затоа ниту власта, ниту опозицијата не покажуваат некој посебен интерес за овој самит на Алијансата во Велика Британија“, вели Дујоски.

Иако во фокусот на самитот ќе биде украинската криза, ние не смееме да бидеме надвор од сето тоа што се случува на глобален план, потенцира Рамадани, според кого таквото незаинтересирано однесување нè става во категоријата на изолирани земји.

„Не може да се заврши само со тоа дека ние нема да бидеме на дневен ред и тука почнува и завршува сè за Република Македонија, затоа што за Македонија ќе се дискутира во однос на нејзиното учество во сите тие мисии каде што учествува НАТО. Не можеме ние да бидеме исклучени“, вели Рамадани.

Она на што укажува професор Дујоски е тоа што јавноста е ускратена од информации поврзани со евроатлантските интеграции. Власта, вели тој, е позаинтересирана за економските прашања, а сè друго е споредно.

„Власта турка некоја внатрешна агенда, економија, економија и економија и од економијата претпоставувам дека не може да дојдат другите теми на ред, коишто се ако не подеднакво, тогаш барем близу до тоа значајни и битни за државата, затоа што економијата е добра, меѓутоа европските интеграции се нешто што нам ни останува како обврска за идните генерации“, вели Дујоски.

Инаку на самитот во Велс, Македонија ќе ја претставуваат министрите за одбрана и надворешни работи, Зоран Јолевски и Никола Попоски. Од МНР соопштуваат дека министерот Попоски ќе ги изнесе македонските видувања во поглед на одложеното членство од 2008 година и напорите кои се вложуваат за негова реализација, како и очекувањата од аспект на партнерскиот однос кој го имаме, после констатацијата од меѓународниот суд за правда за прекршување на меѓународното право од една земја членка на НАТО.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG