Достапни линкови

Полициска акција на Косово


Шефкет Красниќи

Шефкет Красниќи

Специјалното обвинителство на Косово за Радио Слободна Европа ги потврди информациите дека полицијата на Косово го испитувала имамот на Големата џамија во Приштина Шефќет Красниќи. Претходно, Косовската полиција потврди дека била во тек полициска акција, но без детали каде се спроведува и со каква цел. „Природата на акцијата ќе ја потврдиме откако ќе ги комплетираме сите информации од теренот“, рече портпаролот на полицијата Баки Келани. Медиумите во Приштина пренесуваат дека цел на акцијата биле осмоничени лица за радикално дејствување, вклучувајќи го и Шефкет Красниќи. Во минатиот месец полицијата упаси над 40 луѓе под сомневање дека учествувале во борбите во Сирија и Ирак на страната на милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG