Достапни линкови

logo-print

Косовски новинар со закани дека ќе биде обезглавен


Косовскиот новинар Висар Дурики добил закани од верски фундаменталисти дека ќе биде обезглавен. Организацијата Репортери без граници соопшти дека е мошне загрижена за судбината на Висар Дурики и го повика косовското Министерство за внатрешни работи да го заштити новинарот. Дурики покрива теми поврзани со верскиот екстремизам. Во повеќе написи тој го опишува начининот, на кој млади косовски граѓани се врбувани да заминат на џихад во Сирија.

XS
SM
MD
LG