Достапни линкови

Попоски на Самитот на НАТО во Кардиф


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска, во рамките на Самитот на НАТО во Кардиф, ќе учествува на сесијата посветена за ангажманот на Алијансата во Авганистан на ниво на шефови на делегации од сите земји членки на НАТО и земјите партнери. На Самитот ќе биде организирана и посебна сесија на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО со четирите кандидати за членство: Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија. Министерот Попоски во Кардиф, како што соопшти МНР, ќе ги изнесе македонските видувања во поглед на одложеното членство од 2008-ма година и напорите кои се вложуваат за негова реализација, како и очекувањата од аспект на партнерскиот однос кој го имаме, по констатацијата од Меѓународниот суд за правда за прекршување на меѓународното право од една земја членка на НАТО.

XS
SM
MD
LG