Достапни линкови

Кери на разговори со палестинска делегација


U.S. -- State Department spokeswoman Jen Psaki, Washington, DC, 12Jun2013

U.S. -- State Department spokeswoman Jen Psaki, Washington, DC, 12Jun2013

Државниот секретар на САД Џон Кери се сретна со палестинската делегација предводена од главниот преговарач Саеб Ерекат за да разговараат за начините за рестартирање на мировните преговори на Блискиот исток. Кери ги нарече разговорите од 3 септември "конструктивни". Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки изјави дека Кери и Палестинците дискутирале за Газа, израелско-палестинските односи и последните случувања во регионот. Таа додаде дека двете страни се согласиле да се состанат повторно во следните неколку недели. Средбата на Кери со палестинската делегација беше прв состанок лице-в-лице откако Израел започна со воената кампања во појасот Газа, конфликтот во кој околу 2100 Палестинци го загубија животот. Псаки изјави дека Кери и Палестинците исто така, разговарале за неодамнешното соопштение на Израел дека има намера да присвои околу 400 хектари земјиште во окупираниот Западен Брег во близина на Витлеем.

XS
SM
MD
LG