Достапни линкови

Дводневен самит на НАТО во Велс


НАТО го отвора дводневниот самит во Велс на кој се очекува фокусот да бидат проблемите во источна Украина и одобрување на план за да се зајакне присуството на НАТО до источнните граница на Алијансата. Американскиот претседател Барак Обама и лидерите на другите земји-членки на НАТО ќе се состанат во Јужен Велс за да разговараат за стратегија за борба против руските сили во источниот дел каде што про-руските сепаратисти се во офанзива против украинските владини сили. НАТО соопшти дека сепаратистите се поддржани од Кремљ, обвинение кое руските официјални лица постојано го негираат. Пред да почне самитот, украинскиот претседател Петро Порошенко треба да го информира Обама и лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Италија во врска со ситуацијата во источниот дел на Украина. Други теми на дневниот ред се како да се соочат со милитантна група Исламска држава во Сирија и Ирак, како и повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан.

XS
SM
MD
LG