Достапни линкови

Продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма


Американска делегација ќе се сретне со иранските официјални лица во Женева на разговори за иранската нуклеарна програма. Во соопштението на Американскиот Стејт департмент се наведува дека заменикот државен секретар Вилијам Барнс, потсекретар за политички прашања, Венди Шерман и високиот советник Јаков Саливан ќе одржат средба со иранските официјални лица денеска и утре. Двете страни се обидуваат да стигнат до целосен нуклеарен договор пред почетокот на ноември, кога е и крајниот рок. Преговорите за иранската нуклеарна програма се влечат со месеци. Соединетите Американски Држави и други земји се сомневаат дека иранската цивилна програма за развој на нуклеарната енергија е маска за правење нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG