Достапни линкови

Јатценук ги отфрли руските мировни предлози за Украина


Украинскиот премиер Арсениј Јатценук ги отфрли руските мировни предлози за Украина, велејќи дека тие се обид да се излаже Западот во пресрет на самитот на НАТО во Велс и да се избегнат нови санкции против Москва. Тој исто така рече дека Украина бара специјален партнерски статус со НАТО. Проруските сепаратисти се борат против владините сили во источниот дел на Украина од април. Киев и Западот ја обвинуваат Русија за испраќање на војници и оружје да се зајакне бунтовници, но Москва ова го негира. Претходно, на 3 септември, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека планира план од седум точки за прекин на огнот, откако телефонски разговараше со неговиот украински колега, Петро Порошенко. Путин изјави дека ставовите на Порошенко и неговите за пронаоѓање на политичко решение на конфликтот се "многу блиску".

XS
SM
MD
LG