Достапни линкови

Расте бројот на жртви на милитантите на Исламската држава


Хјуман рајтс воч соопшти дека новите докази покажуваат дека милитантната група на Исламската држава убила меѓу 560 и 770 луѓе кои биле заробени кога го зазедоа градот Тикрит, северно од Багдад. Милитантите на Исламската држава го заробија Тикрит во јуни, за време на офанзивата во која беа завземени големи делови од северниот и западниот дел на Ирак. Набљудувачката група со седиште во Њујорк соопшти дека новата бројка е три пати повисока од она што беше првично објавена и дека бројот на жртвите може да биде уште поголем, откако се појавуваат се повеќе докази. Таа додаде дека сите или повеќето од загинатите во Тикрит биле заробени ирачки војници. На 2 септември, десетици членови на семејството на исчезнатите војници упаднаа во парламентот во Багдад во обид да извршат притисок врз властите за да добијат некакви информации за судбината на нивните роднини.

XS
SM
MD
LG