Достапни линкови

Повеќе пакистански партии го поддржаа Шариф


Пакистанските законодавци ја потврдија својата поддршка за премиерот Наваз Шариф, додека илјадници демонстранти продолжуваат да бараат негова оставка. Водачите на неколку главни политички партии ја потврдија поддршката за Шариф на специјална собраниска седница, инсистирајќи на тоа дека не треба да се потпадне под притисокот. Шариф се противеше на повиците да поднесе оставка, но лидерите на протестите Имран Кан и Тахир ул-Кадри одбиваат да се повлечат. Претходно на 2 септември, министерот за внатрешни работи Чаудри Али Кан побара од пратениците да и дадат на полицијата "јасни насоки" за справување со насилните демонстранти во Исламабад како натрапници и терористи. Тој исакна дека по тридневните судири со полицијата, демонстрантите се обиделе да кренат "бунт против државата". Тројца демонстранти беа убиени во судири со полицијата, што избувнаа на 30 август, кога демонстрантите се обидоа да упаднат во официјалната резиденција на Шариф.

XS
SM
MD
LG