Достапни линкови

Узбекистанската полиција истражува кој го закачил знамето на милитантите на Исламската држава во Ташкент


Узбекистански полиција испраша десетици луѓе во обид да се открие кој го закачил црното знаме на милитантната група на Исламската држава од мост во главниот град Ташкент. Узбекистанскиот сервиз на радио Слободна Европа, потврди од повеќе извори во Узбекистан, дека знамето стоело над мост во Јунус-Абад областа во Ташкент на 28 август, само неколку дена пред одбележувањето на денот на независноста. Знамето останало да виси во текот на ноќта и беше пријавено на полицијата, по што беше веднаш се отстрани и се почна истрага. Полицијата ги испрашала уличните чистачи, трговците во близина на чаршијата, таксистите и студентите на Исламското училиште за девојчиња во оваа област. Од серијата бомбашки напади во Ташкент на 16 февруари 1999 година, узбекистански власти најстрого ги казнуваат и најмалите навестувања на исламски екстремизам, како и оние кои се обвинети за членство или за поддршка на екстремистички групи.

XS
SM
MD
LG