Достапни линкови

Најмалку 910 милитанти убиени во офанзивата против Ал Каеда


Пакистанската армија соопшти дека најмалку 910 милитанти се убиени за време на неколкумесечната офанзива против Ал Каеда. Армијата истакна дека 82 војници биле убиени, а 269 повредени во операција против борците на милитантната група „Техрен е Талибан“ во Пакистан и другите милитантни групи во Северен Вазиристан. Борбите, исто така, се одвиваа надвор од племенските области во она што војската го нарече "разузнавачки координирани операции" за да се спречат одмазднички напади на други места во земјата. Во обидите да се заземе подрачјето на северен Вазиристан биле користени воздушни напади, артилерија, минофрлачи и копнени сили. Војската соопшти дека поголемите градови на Мираншах и Мир Али сега се ослободени од бунтовниците. Војската не даде детали за бројот на цивилни жртви во борбите.

XS
SM
MD
LG