Достапни линкови

logo-print

Дискриминација или промашување на суштината на проблемот?


Одредбата со која мажите може да работат до 67, а жените до 65 години за Хелсиншкиот комитет е дискриминаторска. Иницијативата „Бори се женски“, пак, повикува да не се ставаат во ист кош текстилна работничка и универзитетска професорка.

Родова дискриминација или промашување на суштината на проблемот? Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија денеска оцени дека се дискриминаторски измените во Законот за работни односи според кои мажите, по нивно барање, може да го продолжат работниот однос до 67 години, а жените до 65 години старост. Тие сметаат дека и на жените треба да им се даде подеднакво право како на мажите, односно, ако сакаат, да може да го продолжат работниот однос до иста старосна граница.

Со овие измени законодавецот утврдува дека повторно постои таа можност да поднесат изјава дека сакаат да им биде продолжено вработувањето, меѓутоа за мажите до 67-годишна возраст, а за жените до 65-годишна возраст. Јас би сакала да потсетам дека Уставниот суд веќе се има изјаснето за ова прашање и има укинато дискриминаторски одредби од ваков вид.

Од друга страна, независна иницијатива за промовирање на родовата рамноправност „Бори се женски“ смета дека во овој случај не смее да се инсистира на „правна неутралност“ затоа што со тоа би се зацврстила структурната нееднаквост.

Бори се женски, лого.

Бори се женски, лого.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет на Македонија, Уранија Пировска, вели дека Собранието без јавна дебата и консултации со засегнатите страни и без да ја има предвид праксата на Уставниот суд усвои законско решение што содржи одредба која претставува директна дискриминација.

Наместо да се проблематизира решение кое става во ист кош текстилна рабоничка и универзитетска професорка во однос на старосната граница за пензионирање, ова прашање се „киднапира“ од помалкубројната привилегирана група жени со повисок социјален статус.

„Со овие измени законодавецот утврдува дека повторно постои таа можност да поднесат изјава дека сакаат да им биде продолжено вработувањето, меѓутоа за мажите до 67-годишна возраст, а за жените до 65-годишна возраст. Јас би сакала да потсетам дека Уставниот суд веќе се има изјаснето за ова прашање и има укинато дискриминаторски одредби од ваков вид“, вели Пировска.

Во Хелсиншкиот комитет нагласуваат дека во 27 од 28 земји членки на Европската унија старосната граница за пензионирање меѓу мажите и жените е веќе изедначена или на сила се правни акти преку кои целосната еднаквост ќе биде прогресивно обезбедена во годините што следат.

Од друга страна, иницијативата „Бори се женски“ реагира дека инсистирањето на гола правна неутралност најчесто непропоционално се одразува врз подредeни ранливи групи и индиректно ја зацврстува структурната нееднаквост.

„Така, оваа иницијатива не само што нема да постигне еднаквост на жените и мажите, туку ќе создаде дополнително бреме за жените. Жените во просек земаат 18 отсто помала плата од мажите за ист обем на работа на еквивалентно работно место, најчесто се наоѓаат на пониски работни позиции и се драстично помалку застапени на раководни функции во најголемиот број сектори со исклучок на примарното здравство, а во домот во просек поминуваат 2 часа и 10 минути подолго во домашни активности од мажите“, велат во Бори се женски.

Според нив, иницијативата на Хелсиншкиот комитет е слепа за социјалната и класна припадност на мнозинство жени на пазарот на труд.

„Наместо да се проблематизира решение кое става во ист кош текстилна рабоничка и универзитетска професорка во однос на старосната граница за пензионирање, ова прашање се „киднапира“ од помалкубројната привилегирана група жени со повисок социјален статус“, стои во реакцијата на Бори се женски.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG