Достапни линкови

logo-print

Заев треба да му плати 50 илјади евра на Груевски


Три милиони и сто илјади денари треба да му плати претседателот на СДСМ Зоран Заев на премиерот Никола Груевски поради навреда и клевета во случајот „Македонска Банка“, одлучи Судот. Судијката Весна Калковска ја објави пресудата по само две рочишта. Пред да се донесе пресудата, адвокатите на двете страни имаа заврши зборови. Груевски го тужеше Заев за аудио снимката објавена за време на изборната трка во април годинава за продажбата на Македонска Банка. Иако Груевски прво побаруваше 500 илјади евра, вчера неговиот адвокат ја намали цифрата на 50 илјади евра.

XS
SM
MD
LG