Достапни линкови

Обама бара НАТО да ја зајакне украинската војска


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама го повика НАТО да ја зајакне украинската војска. Според него, Алијансата мора да ја остави вратата отворена за новите членки за да се спротистават на како што ја нарече, руската агресија.

Говорејќи при посетата на Талин и пред утрешниот самит на НАТО во Велс, тој ја обвини Русија за безобразен напад на Украина. Обама порача дека НАТО мора да им помогне на Украина, Молдавија и Грузија да ја зајакнат одбраната.

XS
SM
MD
LG