Достапни линкови

Обама-Од Русија зависи примирјето во источна Украина


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека примирјето во источна Украина може да функционира само доколку Русија престане да се преправа дека не е инволвирана во конфликтот. Кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин се согласиле за прекин на огнот во источна Украина.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ја демантираше веста и изјави дека двајцата лидери разговарале за наредните чекори, но не и за постигнување на примирје, бидејќи Русија не е дел од конфликтот.

XS
SM
MD
LG