Достапни линкови

Москва демантира договор за прекин на огнот во источна Украина


Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Путин и Порошенко не постигнале договор за прекин на огнот бидејќи Русија не е дел од конфликтот.

Претходно од кабинетот на украинскиот претседател е соопштено дека Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин се согласиле за прекин на огнот во источна Украина каде што про-руските сепаратисти се борат со владините сили во конфликтот во кој од април загинаа над 2.600 луѓе.

Во соопштението на веб-страницата на Порошенко е речено дека овој договор е постигнат за време на телефонскиот разговор со Путин. "Меѓусебното разбирање беше постигнато во врска со чекорите за поттикнување на воспоставување на мирот", се вели во соопштението на Порошенко.

Руските новински агенции пак претходно го цитираа портпаролот на рускиот претседател дека погледите на Путин и Порошенко за можните решенија коинцидирале до суштинско ниво. „Двајцата лидери разменија мислења за тоа што треба прво да се направи за да се стави крај на крвопролевањето на југо-истокот на Украина што е можно поскоро“, изјави Пешков.

XS
SM
MD
LG