Достапни линкови

Руската агресија разјасни. Ни треба поопремен, побрз и пофлексибилен сојуз, оценува генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен пред самитот на Алијансата што утре почнува во Велс. Според него, од собирот треба да биде испратена силна порака дека НАТО е подготвен да одговори на сите закани, пред се оние од Русија.

НАТО, се до паѓањето на Берлинскиот ѕид, спречуваше Студената војна да не се загрее. По тој ден, откако поранешни непријатели станаа членки на НАТО и откако почна да се етаблира ново партнерство со Русија, тешко можеше да се замисли војна во Европа, оценува генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен кој додава дека сега, периодот на ваквиот мир без преседан е предизвикан од руската агресија врз Украина.

Денес мора да се соочиме со реалноста дека Русија веќе не го смета НАТО за партнер. Тоа можеме да го видиме во руските воени документи и во изјавите на руските политички лидери.
генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

За прв пат од крајот на Втората светска војна, според Расмусен, европска земја одзела дел од територија на друга земја со употреба на сила.

„Денес мора да се соочиме со реалноста дека Русија веќе не го смета НАТО за партнер. Тоа можеме да го видиме во руските воени документи и во изјавите на руските политички лидери. Жалам поради тоа, бидејќи верувам дека евроатлантската безбедност може да се развива само преку партнерство со Русија“, рече тој.

Мислам дека сите во Европа сфатија оти безбедносната ситуација е променета и оти не станува збор за привремена промена. Тоа не е нешто како лоша временска ситуација, туку тоа може да се спореди со климатски промени.

Ден по ден, според Расмусен, има докази на проблематично руско присуство во Украина и сили на готовс околу нејзините граници.

Во таков променет свет, како што додава, основната мисија на НАТО останува иста: одбрана на народите кои делат исти вредности.

„Нашиот самит во Велс неделава ќе се одржи во променет свет. Тој ќе одговори на предизвиците на еден променет свет и затоа очекувам тоа да биде клучен самит во историјата на НАТО“, рече тој.

Расмусен најави усвојување Акционен план кој би требало до содржи три клучни компоненти. Најпрвин, долгорочни мерки за обезбедување на сигурноста на сојузниците. Второ: присуство на НАТО силите во Источна Европа, обновени планови за одбрана и почести воени вежби и трето: надградба на силите за брза реакција со цел да можат да бидат разместени и пред да избувне некој конфликт.

„​Вистински можности, на вистинско место и во вистинско време можат да бидат решавачки меѓу заканата и сигурноста, меѓу војната и мирот, смета Расмусен, додавајќи дека затоа е неопходно инвестирање во модерни и лесно распоредливи сили.

Самитот во Велс, според генералниот секретар на НАТО, е клучна можност да се одврати трендот на опаѓање на буџетите за одбрана и поферски да се распореди одговорноста на членките за нивната безбедност.

„Уверени сме дека овие мерки се неопходни за да се адаптираме во овој опасен свет и за да одговориме на руската двојна игра“, оценува Расмусен.

Ваквото мислење преовладува и кај другите членки на НАТО, особено оние во непосредното соедство на Русија.

„Мислам дека сите во Европа сфатија оти безбедносната ситуација е променета и оти не станува збор за привремена промена. Тоа не е нешто како лоша временска ситуација, туку тоа може да се спореди со климатски промени“, оценува естонскиот премиер Тави Роивас, додавајќи дека затоа и реакцијата на НАТО треба да биде долгорочна.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG