Достапни линкови

logo-print

Во БиХ акција „Дамаск“ против вахабистите


Припадници на Агенцијата за истрага и заштита во Босна и Херцеговина изутрината по наредба на Обвинителството уапсија 15 лица поврзани со вахабиското движење. Акцијата со име „Дамаск“ спроведена е во 17 градови во БиХ.

Приведените се осомничени за финансирање на терористички активности, за јавно поттикнување на терористички активности, за врбување, за организирање на терористички групи.Акцијата е насочена кон граѓаните на БиХ кои учествуваат во војните во Сирија и во Ирак на страна на радикалните терористички групи и организации.

По измените на Кривичниот закон на БиХ, на државјаните на БиХ им е забрането учество во странски воени и паравоени формации. Федералната телевизија јави дека е уапсен и Билал Босниќ, неформалниот лидер на вахабиската заедница во Босанска Краина, познат по видео-снимките на интренет во кои зборува против САД и западните земји.

XS
SM
MD
LG