Достапни линкови

logo-print

САД ја потврдија автентичоста на видеото за егзекуцијата на Сетлоф


САД ја потврдија автентичноста на видеото дека го егзекутирале 31 годишниот Стивен Сотлоф, втор американски новинар кој се држеше како заложник од страна на милитантите.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека станува збор за ужасен акт за насилство и ги предупреди милитантите на Исламаската Држава дека раката на Вашингтон е долга и оти правдата ќе ги стигне.

Обама нареди испраќање на уште 350 воени лица во Ирак како заштита на дипломатските објекти и персоналот во Ирак и оти Вашингтон ја продолжува поддршката на ирачката влада во нејзината борба против милитантната група Исламска држава.

Сотлоф инаку беше киднапиран во Сирија во 2013 година. Тој се појави на крајот на видеото минатиот месец на кое беше покажано убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли. Милитантите во најновото видео се закануваат дека ќе убијат и еден британски заложник.

XS
SM
MD
LG