Достапни линкови

logo-print

Киев - Порошенко и Путин се согласиле на прекин на огнот


Од кабинетот на украинскиот Претседател е соопштено дека Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин се согласиле за прекин на огнот во источна Украина каде што про-руските сепаратисти се борат со владините сили во конфликтот во кој од април загинаа над 2.600 луѓе. Во соопштението на веб-страницата на Порошенко е речено дека овој договор е постигнат за време на телефонскиот разговор со Путин. "Меѓусебното разбирање беше постигнато во врска со чекорите за поттикнување на воспоставување на мирот", се вели во соопштението на Порошенко. Руските новински агенции претходно го цитираа портпаролот на Кремљ дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко разговарале за украинската криза по телефон. При тоа, како што навел Дмитриј Пешков, нивните погледи за можните решенија коинцидирале до суштинско ниво. „Двајцата лидери разменија мислења за тоа што треба прво да се направи за да се стави крај на крвопролевањето на југо-истокот на Украина што е можно поскоро“, изјави Пешков. Путин и Порошенко инаку се сретнаа минатата недела во Минск но не постигнаа напредок во разговорите за крај на конфликтот во кој досега загинаа над 2600 луѓе. Борбите дури и се интензивираа, а украинската влада и Западот ја обвинија Русија дека распоредува трупи во Украина. Русија тоа го негираше.

XS
SM
MD
LG