Достапни линкови

logo-print

Видеото - цел да се покаже обезглавувањето на вториот американски новинар


Американскиот претседател Барак Обама нареди испраќање на уште 350 воени лица во Ирак како заштита на дипломатските објекти и персоналот во Ирак и како поддршка на ирачката влада во борбата против милитантната група Исламска држава.

Соопштението доаѓа откако милитантите објавија видео дека го егзекутирале 31 годишниот Стивен Сотлоф, втор американски новинар кој се држеше како заложник од страна на милитантите. Целта е да се одвратат земјите од соработка со САД во борбата против милитантната Исламска Држава.

Сотлоф беше киднапиран во Сирија во 2013 година. Тој се појави на крајот на видеото минатиот месец на кое беше покажано убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли. Милитантите во најновото видео се закануваат дека ќе убијат и еден британски заложник.

XS
SM
MD
LG