Достапни линкови

Москва: Телефонски разговор Путин -Порошенко


Руските новински агенции го цитираа портпаролот на Кремљ дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко разговарале за украинската криза по телефон.

При тоа, како што навел Дмитриј Пешков, нивните погледи за можните решенија коинцидирале до суштинско ниво.

„Двајцата лидери разменија мислења за тоа што треба прво да се направи за да се стави крај на крвопролевањето на југо-истокот на Украина што е можно поскоро“, изјави Пешков.

Путин и Порошенко инаку се сретнаа минатата недела во Минск но не постигнаа напредок во разговорите за крај на конфликтот во кој досега загинаа над 2600 луѓе. Борбите дури и се интензивираа, а украинската влада и Западот ја обвинија Русија дека распоредува трупи во Украина. Русија тоа го негираше.

XS
SM
MD
LG