Достапни линкови

logo-print

САД ќе испратат уште 350 војници во Ирак


Американскиот претседател Барак Обама нареди испраќање на уште 350 воени лица во Ирак. Белата Куќа го објави ова доцна синоќа, соопштувајќи дека дополнителните трупи се испраќаат за заштита на дипломатските објекти и персоналот во Ирак и оти Вашингтон ја продолжува поддршката на ирачката влада во нејзината борба против милитантната група Исламска држава.

Во соопштението се додава дека дополнителните сили нема да имаат борбена улога, како и оти високи американски претставници, меѓу кои и Државниот секретар Џон Кери и Секретарот за одбрана Чак Хејгел наскоро одвоено ќе отпатуваат на Блискиот Исток заради градење посилно регионално партнерство против милитантната група Исламска држава. Соопштението доаѓа откако милитантите објавија дека егзекутирале уште еден американски новинар во Сирија.

XS
SM
MD
LG