Достапни линкови

logo-print

Обама се среќава со лидерите на балтичките држави


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе се сретне со претседателите на трите балтички држави, пред Самитот на НАТО, каде што руските потези во Украина ќе имаат доминантно место во агендата. Обама вчера пристигна во посета на Естонија, која според неговиот портпарол Џош Ернест претставува нагласување на американската посветеност на регионалната безбедност.

Кризата во Украина, каде што про-руските сепаратисти окупираа региони и прогласија таканаречени „народни републики“ ги зголеми страхувањата во балтичките земји во врска со натамошните потези на Кремљ.

Обама ќе се сретне со естонскиот претседател Томас Илвес, по што ќе им се придружат и претседателите на Летонија и на Литванија Андрис Берзинс и Далиа Грибаускаите.

XS
SM
MD
LG