Достапни линкови

Палестински преговарачи на средба со Џон Кери


Саеб Ерекат и Џон Кери

Саеб Ерекат и Џон Кери

Палестинска делегација предводена од главниот преговарач Саеб Ерекат денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот Државен секретар Џон Кери. Тоа ќе биде прва директна средба на Кери со палестински преговарачи по стивнатите непријателства меѓу Израел и Палестинците, откако во неколкунеделниот конфликт загинаа 2 илјади и 100 Палестинци. Состанокот доаѓа само еден ден по најавата на Израел дека има намера да присвои голема површина во окупираниот Западен Брег и таму да гради населби.

Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки вчера изјави дека Кери ќе разговара и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и оти оваа тема ќе биде главна во разговорот.

XS
SM
MD
LG