Достапни линкови

Апелациониот суд пресуди, две години затвор за Бучковски


Владо Бучковски

Владо Бучковски

Апелациониот суд ја намали казната на поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски на две години затвор. На Бучковски Основниот суд Скопје 1 претходно му додели казна од 3 ипол години затвор за случајот „Тенковски делови“.

Според соопштението објавено на веб страната на Основниот суд Скопје 1 жалбата на Основното јавно обвинителство се отфрлува како неоснована, а жалбите на обвинетите делумно се уважуваат. Бучковски беше обвинет за злоупотреба на службената должност за прекумерна набавка на резервни тенковски делови.

XS
SM
MD
LG