Достапни линкови

Иран спречил обиди за саботажа на нуклеарната програма


Иранските власти соопштија дека ги спречиле обидите за саботирање на нуклеарната програма на земјата. Според нив, странските разузнавачки служби се обиделе да регрутираат експерти од иранската организација за атомска енергија додека престојувале во странство. Властите не прецизираат во кои земји бил остварен контакт и со колку експерти. Иранската нуклеарна програма беше нападната и од неколку компјутерски вируси во минатото.

XS
SM
MD
LG