Достапни линкови

logo-print

Волерс-Нема проширување на НАТО на самитот во Велс


Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс.

Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс.

Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс изјави денеска дека не е предвидено проширување со нови членки на НАТО на самитот на организацијата во Велс. Според него, САД веруваат дека Македонија ќе стане вредна членка на НАТО, но прашањето е кога.

Тој на конференцијата „Идното НАТО-Предизвици и очекувања“ порача дека остануваат посветени на политиката на отворени врати и оти никој не сака повеќе од САД, Македонија да влезе во НАТО. Македонија како важен партнер, нагласи тој, игра многу важна улога во Алијансата, а е и постојан сојузник во сите мировни операции.

XS
SM
MD
LG