Достапни линкови

Хрватска-Радикалните исламисти безбедносен предизвик


Хрватската безбедносна разузнавачка служба соопшти дека радикалните исламисти од државите во регионот се значителен безбедносен предизвик и за земјата. Во извештајот на службата се наведува дека бројот на џихадистите во Југоисточна Европа е во пораст, така што многумина од хрватското соседство заминуваат во Сирија и Ирак за да се борат.

Според извештајот, факторите кои предизвикуваат пораст на прифаќање на радикалното толкување на исламот во регионот се изразено лошата економска состојба и појавата на верски службеници, кои прифаќаат и шират такви радикални ставови. Во Хрватска, како што се наведува досега не биле идентификувани такви лица, а џихадистите ја користат територијата на земјата како транзитно подрачје.

XS
SM
MD
LG