Достапни линкови

Министерот во нова зграда, Македонија во долгови


Истиот ден кога Министерството за финансии се всели во нова барокна зграда, беше соопштено дека задолженоста достигнала рекордни 3,3 милијарди евра, односно дека државниот долг надмина 40 отсто од БДП-то.

Истиот ден кога Министерството за финансии се всели во нова барокна зграда, беше соопштено дека задолженоста достигнала рекордни 3,3 милијарди евра, односно дека државниот долг надмина 40 отсто од БДП-то. Според податоците на Министерството за финансии, државниот долг на крајот на јули изнесувал 3,303 милијарди евра, односно 40,8 отсто од Бруто домашниот производ. Ова е најголем долг на Македонија од постконфликтната 2002 година.

Тоа е исто како да прашате едно семејство колкав кредит може да си дозволи, а одливите да ви се поголеми од приливите. Како ќе го сервисираме ние тој долг? Тоа значи дека јас сум себичен татко, и не ми е гајле што после мене моите деца ќе бидат сиромашни и должници на банките.

Поранешниот министер за економија Зоран Витанов вели дека владата нема решенија за економската состојба и бара излез со „гаснење на пожари“ преку големи задолжувања. Тој вели дека држава како Македонија не може да се дозволи никаков долг.

„Тоа е исто како да прашате едно семејство колкав кредит може да си дозволи, а одливите да ви се поголеми од приливите. Како ќе го сервисираме ние тој долг? Тоа значи дека јас сум себичен татко, и не ми е гајле што после мене моите деца ќе бидат сиромашни и должници на банките.“

Опозицијата обвинува дека Македонија станува презадолжена земја која тешко ќе може да ги враќа кредитите, додека власта продолжува да тврди дека Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа.

Особено стратегијата за управување со долгот треба, како и во минатото, да биде насочена кон балансирање на трошоците и ризикот поврзан со избраната структура на долг, но исто така и да обезбеди конзистентност со монетарната и фискалната политика.

Шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, Ивана Владакова Холар, во мај годинава, изјави дека среднорочната фискална стратегија што ја изготви Владата треба да биде придружена со Стратегија за управување со долгот.

„Особено стратегијата за управување со долгот треба, како и во минатото, да биде насочена кон балансирање на трошоците и ризикот поврзан со избраната структура на долг, но исто така и да обезбеди конзистентност со монетарната и фискалната политика“, изјави тогаш Владакова Холар.

Последната стратегија за управување со јавниот долг што ја донесе Македонија е за периодот 2010-2012 година. Според таа стратегија, државниот долг не требаше да надминува 30 отсто, а јавниот долг 40 отсто од БДП-то. Откако државата не се придржуваше ни до таа стратегија што самата ја донесе, не донесе нова. Имено, и покрај тоа што, според стратегијата, државниот долг не требаше да надмине 30 отсто од БДП-то, 2012 година заврши со долг од 34,1 отсто. Владата, пак, не го соопштува јавниот долг од 2009 година, иако до тогаш редовно го објавуваше на месечна основа. Во последната оценка на ММФ беше посочено дека вкупниот јавен долг на Македонија изнесува 44,8 отсто од БДП, но во ова мерење не е вклучено новото задолжување од 500 милиони евра по основ на евро-обврзница. Јавниот долг се состои од државниот долг плус гарантираниот долг на јавните претпријатија, како и долгот на јавните претпријатија за кој не е издадена државна гаранција.

Во конфликтната 2001 година задолженоста беше 48,8 отсто, а наредната 2002 година 42,9 отсто од БДП-то. Од тогаш државниот долг постојано е под 40 отсто. Најниска задолженост имаше во 2008 година од 20,6 отсто. Од тогаш државниот долг е зголемен за повеќе од 1,9 милијарди евра.

Во меѓувреме владата излезе со предлог за уставни измени за ограничување на јавниот долг на 60 отсто од БДП-то.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG