Достапни линкови

Бан Ки Мун: нема воено решение за украинската криза


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска изјави дека нема воено решение за кризата во Украина. „Европската унија, Соединетите држави и повеќето други земји многу сериозно разговараат за начинот на кој треба да и пристапат на украинската криза“, рече тој за време на посетата на Нов Зеланд. Најсигурен пат, според него, е политичкиот дијалог, бидејќи се друго би можело да има големи последици во регионот и светот. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен вчера изјави дека на самитот на Алијансата во Велс ќе бара од лидерите да одобрат формирање високо подготвени сили и подобра воена опременост на Источна Европа како заштита од потенцијалната руска агресија.

XS
SM
MD
LG