Достапни линкови

Москва: изјавата на Путин за Киев да не се вади од контекст


Руските новински агенции го цитираат Јури Ушаков, помошник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин дека изјавата на Путин во врска со заземањето на Киев била извадена од контекст и оти како таква имала целосно поинакво значење. Според италијанскиот весник „Ла Република“, Путин на претседателот на Европската комисија во заминување Жозе Мануел Баросо телефонски му изјавил: „Ако сакам, можам да го заземам Киев за две недели“. Весникот пишува дека Баросо ова им го пренел на европските лидери на самитот на ЕУ во Брисел на 30 август.

XS
SM
MD
LG