Достапни линкови

logo-print

Опозициската Демократска партија го бојкотира албанскиот парламент


Главната опозициска сила во Албанија, Демократската партија го бојкотира Парламентот како знак на незадоволство дека владејачката коалиција, предводена од социјалистите не им обрнува внијмание на нејзините предлози.Лидерот на демократите Љуљзим Баша вчера ја објави одлуката за бојкот, кога Парламентот ја почна работата по летните одмори. Засега не е познато колку ќе трае бојкотот. Се очекува овој потег да има мало влијание врз собранието, бидејќи владејачката коалиција има мнозинство од 84 гласа во 140 члениот Парламент. Баша најави дека неговата партија ќе ги оспори пред Уставниот суд сите закони, усвоени во нејзино отсуство.

XS
SM
MD
LG