Достапни линкови

Проруските сепаратисти ги ублажиле барањата


Проруските бунтовници ги ублажиле нивните барања за целосна независност и соопштиле дека ќе го почитуваат сувренитетот на Украина во замена за автономија. Новинската агенција Асошитед прес наведува дека ваквата промена била последица од настојувањето на Москва да биде постигната спогодба на следната рунда преговори на Контакт групата. Овие преговори што се водат во Минск вчера беа прекинати поради жестоките борби на истокот на Украина. Една од главните теми на самитот на НАТО што в четврток почнува во Велс ќе биде ситуацијата во Украина. На самитот ќе учествува и американскиот претседател Барак Обама кој би требало да се сретне со украинскиот претседател Петро Порошенко.

XS
SM
MD
LG