Достапни линкови

Савески - Незаконски сум отпуштен од ФОН


Универзитетскиот професор Здравко Савески

Универзитетскиот професор Здравко Савески

Универзитетскиот професор Здравко Савески објави дека вчера спротивно на законот му дале усен отказ на Универзитетот ФОН каде што работи, а веќе му најавиле дека денеска ќе го добие и писменото решение. Тој вели дека е отпуштен како организатор на штрајкот на факултетот, но дека според закон, тој како претседател на синдикатот на ФОН, не може да биде отпуштен за синдикални активности.

„На ФОН последната исплатена плата е за јануари, а се должат хонорари од јули 2013, повеќе од една година! Така што, многу не загубив со отказот. Ама, за тоа што ми дадоа отказ спротивно на законот, газдите на ФОН ќе добијат тужба на суд“, вели Савески.

Од универзитетот најавија дека денеска ќе дадат образложение за отказот на професорот од Факултет за политички науки и дипломатија.

XS
SM
MD
LG