Достапни линкови

Путин - Ако сакам, можам да го заземам Киев за две недели


Ако сакам, би можел да го заземам Киев за две недели, му рекол рускиот претседател Владимир Путин на претседателот во заминување на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, објави италијанскиот весник „Ла Република“. Според весникот, Путин ова му го кажал на Баросо во телефонски разговор, а потоа Баросо им го пренел на европските лидери на самитот на ЕУ во Брисел на 30 август. Од текстот на Република може да се заклучи дека изјавата на Путин е одговор на можноста од нови построги санкции од ЕУ кон Русија поради нејзиното учество во конфликтот во источна Украина.

Новата шефица за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, оцени дека ситуацијата во Украина е најголема криза во Европа во последните децении.

Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен вчера објави дека Алијансата ја разгледува можноста за формирање на високо подготвени сили кои ќе може да бидат распоредени во Источна Европа во рок од 48 часа за да се спречи каква било можна руска агресија.

XS
SM
MD
LG