Достапни линкови

logo-print

Обама патува во Европа


Американскиот претседател Барак Обама денеска пристигнува во Европа. Тој треба да ја посети Естонија, а потоа ќе патува во Велика Британија на Самитот на НАТО. САД и нивните европски сојузници воведоа серија санкции против Русија поради нејзиното мешање во кризата во Украина. Се очекува Обама да пристигне во Естонија вечерва. Утре ќе се сретне со претседателот Томас Хендрик Илвес, а подоцна ќе им се придружат и претседателите на другите две балтички држави Летонија и Литванија. Самитот на НАТО во Велс се одржува на 4 и на 5 септември.

XS
SM
MD
LG